Ципрас на гости кај Заев во Струмица

Поранешниот грчки премиер и донеодамна лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас денеска допатува во Струимица, во приватна посета кај поранешниот македонски премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев. И оваа средба е потврда за нивното пријателство започнато со преговорите за менување на името Република Македонија и зајакнато со потпишувањето на Преспанскиот договор со кој државата го доби името Република Северна Македонија.

За посетата, која е планирана да биде еднодневна, јави МИА од Атина.

И Заев во Грција приватно се има сретнато со Ципрас, но беше присутен и на Конгресот на СИРИЗА одржан минатата година, каде Заев имаше обраќање пред членовите на партијата.