Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе учествува на состанок на Европскиот совет, соопшти неговиот Кабинет, јавува МИА.
На состанокот ќе присуствуваат претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, шефот на ММФ Кристин Лагард, претседателот на ЕЦБ Марио Драги, и шефот на Еврогрупата Јерун Дејселблум.
Ципрас претходно ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, а вечер ќе учествува на самит на еврозоната посветен на Грција.
– Се движиме кон договор, изјави синоќа министерот за финансии Јанис Варуфакис по состанок на владиниот совет во Атина.
На новинарско прашање дали е оптимист, тој рече дека секогаш е.