Лидерот на Сириза Алексис Ципрас вечерва положи заклетва како нов премиер на Грција.
Грчкиот премиер, како и претходниот пат во јануари, положи секуларна заклетва пред претседателот на државата Прокопис Павлопулос, а не верска како што е традицијата во Грција.
И овој пат, Ципрас дојде без вратоврска.
Иако претходно беше најавено дека новата грчка влада уште утре ќе положи заклетва, грчките медиуми, секој повикувајќи се на свој извор, вечерва јавуваат дека новата влада можеби ќе положи заклетва во среда.