Ципрас: Референдумот в недела е пет години задоцнет

Ципрас: Грците ќе одлучат за својата иднина

Референдумот в недела е пет години задоцнет, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за телевизијата Антена, додавајќи дека грчкиот народ знае зошто гласа.

– Грчкиот народ сака да биде во можност да се движи напред со оптимизам. Ние остануваме во Европа, но ние сакаме да напредуваме. Ние сакаме да бидеме еднакви со Европа, рече Ципрас истакнувајќи дека рецептот кој се спроведува во земјата во последните пет години не успеа.

Ципрас повтори гласање „не“ не значи јаз со Европа, туку силен притисок со цел Европа да се соочи со Грција со поголем реализам. Во исто време, заменик-претседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис изјави дека негативн исход од референдумот во Грција нема да ги зајакне преговарачките позиции на Атина кон кредиторите, туку токму спротивното – ќе ги ослабне.

Според него, ситуацијата во Грција е „значително полоша отколку минатата недела“, пред Ципрас да ги прекине преговорите со доверителит и најави референдум.

– Дури и во случај на продолжување на преговорите, тоа може да  потрае неколку недели, додека се изготви трета програма. Голема непозната е дали можеме да се разбереме политички, изјави Домбровскис за „Ди велт“.