Ципрас: Се срамам поради неспособноста на Европа да се справи со бегалците

на премиерот со градоначалниците и митрополитите на пет егејски острови (Лезбос, Лерос, Иос, Кос и Самос) за да бидат разгледани проблемите и да се најдат неопходните решенија. За мерките кои ќе бидат преземени на островите, се обезбедени финансии во висина од 500 милиони евра од европските фондови.

Во тимот на премиерот признаваат дека недостигот од инфраструктура е огромен проблем кој треба да биде решен што е можно најбрзо. Владата проценува дека бегалците не се само проблем, туку и шанса Грција повторно да застане на европската сцена, но исто така и за зголемување на нејзината геополитичка цена.

Грција може да се претвори во корисен партнер – тоа треба да е улогата на земјата, а не ролја на просјак и сиромашна татковина која само бара дополнителни средства. Потребна е активна улога, улога на рамноправен партнер и главно активно лице, не само за бегалскиот проблем, туку и по сите прашања кои се однесуваат на менаџирање со мноштво кризи, во кои заради географската положба земјата потпадна во окото на циклонот, одговори Ципрас во Парламентот на прашање од Јоргос Кумуцакос, пратеник од главната опозициска партија Нова демократија.

За самиот премиер, бегалскиот проблем е и бреме и предизвик. Во Кабинетот бараат решенија и коалиции за суштината на проблемот. Неделава бегалскиот проблем и финализирањето на првата оценка на кредиторите за грчката програма се два приоритети кои стојат на челно место на дневниот ред на претседателот на Владата.

Во среда и четврток во посета на Грција престојува претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

Во штабот на премиерот проценуват дека забележливото пирближување меѓу Атина и Берлин по проблемот со бегалците ќе ги смири Волфганг Шојбле и јастребите од северна Европа и ќе ги натера да бидат повоздржани и повторно да не го поставуваат на маса за „грекзитот” (излегувањето на Грција од еврозоната).

Предупредувањата од германска страна дека Атина не може да го обврзува бегалскиот проблем со новиот кредитен договор или со барања за кратење на нејзината антикризна програма, беа сигнал за аларм.

На средбата со еврокомесарот Валдис Домбровскис, грчкиот премиер рече „дека не може од една страна да се бара од Грција да ги исфрли од домовите оние што не ги платиле даноците, а од друга да прима во станови илјадници бегалци“.

Ципрас верува дека Владата е исправена пред тешки четири месеци во кои треба да изготви и реализира исклучително болни мерки за економијата и реформите. Дали секој член од Кабинетот и пратениците ќе издржат