Дрско и безобразно членовите на ДИК се препукуваат меѓу себе, демонстрираат нервоза и со банални барања го оддолжуваат процесот.
Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да расправа за последниот приговор на коалицијата предводена од СДСМ за избирачкото место 2011 во Теарце, во шестата изборна единица.
Повторно, како и за последниот приговор на Беса, претседателот на ДИК, Чичаковски, побара сослушување на претседателот и членовите на Избирачкиот одбор од Теарце, а Милев побара да дојдат и набљудувачите, што е надвор од правилникот на ДИК, со што само ќе се отвори втора епизода од срамното сценариот на ДИК, која работи по директива на СДСМ, да се жртвуваат изборачки одбори за да се реализира партиската агенда на СДСМ.
ДИК веќе еднаш приреди ваков циркус на седницата на која се одлучуваше за осмиот, последен, приговор поднесен од Беса, кога членовите на најголемата македонска опозициска партија, Виолета Дума и Игор Милев крајно вулгарно вршеа притисоци врз повиканите членови на Избирачкиот одбор од изборното место 0396/1 во Гостивар.
ДИК излезе од своите надлежности во врска со овој приговор, што е правен преседан, преку кој ДИК, започна реализација на сценариото за кражба на изборите од страна на СДСМ и Беса, кои со приговори во чисто албански средини сакаат да ја украдата волјата на мнозинството македонски гласачи.
Надвор од Изборниот закон, ДИК презеде улога и за првпат побара вештачење, кое е истражна мерка што им стои на располагање на органите на истрагата, каков што не е ДИК.
Преседанот на ДИК во пракса значи дека во иднина секој што излегол да гласа може да се потпише во Избирачкиот список различно од потписот во личната карта и тоа да стане основа за масовни оспорувања на избирачкиот процес, кој ќе биде блокиран преку илјадници барања за вештачења.
„Со незаконската одлука за графолошкото вештачење не само што ДИК активно се вклучи во фалсификување на волјата на народот, туку испраќа во затвор невини луѓе само за да ги задоволи политичките амбиции на СДСМ . Со одлуката да се врши графолошко вештачење ДИК изрази сомнеж дека членовите на Избирачкиот одбор дале лажни изјави дека граѓанкста по ор пат се појавила на гласање. Јавноста вчера виде присутните членови на Избирачки одбор и по идентификација и по Лична карта и по проверка со УВ ламба утврдиле дека граѓанката веќе еднаш гласала и има траги од спреј на прстот“, посочи вчера на прес-конференција Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.