Мислите дека нема да имате доволно време? Важно е само да направите добар распоред и да се придржувате до истиот – без разлика дали ќе медитирате еднаш дневно, неделно или еднаш месечно. Бидете сигурни дека ќе имате корист од секоја вежба.
Усовршувањето не е потребно
Добрата вест за почетниците и оние кои се плашат од неуспех: дури и „неуспешната“ медитација е успех. Ако имате премногу работи на памет, најважно е на крај да успеете барем на неколку минути да заборавите на се што ви прави проблем.
Ќе ја приметите разликата
Почетниците секогаш велат дека веднаш ја чувствуваат зголемената енергија, смиреноста и чистиот ум – и тоа веднаш после првата недела.
Сите имаме потреба од одмор
Ова се однесува на младите луѓе кои постојано се во движење. Баш затоа е потребно да земете здив, а за жал сонот повеќе не ни е доволен.
Силна превентивна метода
Многу луѓе се интересираат…