„Цивил“ сака да ја сокрие пресметката меѓу ДУИ и СДСМ во Кичево (ФОТО)

Разоткриен е обидот евтиниот спин на соросовата невладина организација „Цивил“ на докажаниот сдсмовски активист Џабир Дерала, која излезе со лажни информации дека активисти на ВМРО-ДПМНЕ го нападнале и претепале пејачот Шкодран Тојал, додека снимал промотивен спот за кандидатот за градоначалник, Фатмир Дехари од ДУИ. Вистината е дека се работи за пресметка меѓу СДСМ и ДУИ во Кичево, пишува порталот Денешен.мк.

„Пејачот од спотот на ДУИ не е претепан од активисти на ВМРО-ДПМНЕ како што тврди„’Цивил’, туку од страна на лице блиско до потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, односно негов другар. Станува збор за пресметка меѓу коалиционите партнери од засега непознати причини, а ВМРО-ДПМНЕ и негови активисти немаат никаква поврзаност со овој инцидент“, пишува порталот Денешен.мк.

ВМРО-ДПМНЕ ги демнатира и најостро ги осудува обвинувањата на „Цивил“ дека нејзини активисти претепале пејач што снимал спот за ДУИ.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги информира меѓународните донатори на ’Цивил’ за нивните партиско-политички активности. При бруталниот напад на градоначалникот и кандидат за градоначалник на општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, ’Цивил’ бесрамно лажеше и ја манипулира јавноста дека станува збор за некакво си приватно недоразбирање, а не за крвав напад инспириран од политички побуди. ВМРО-ДПМНЕ бара МВР веднаш да го расчисти инцидентот и да не дозволи невладините организации под контрола на СДС и нивните медиуми да злоупотребуваат вакви инциденти’, стои во соопштението.