-ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање на државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно трајно населување со сигурност ќе предизвика сериозна дисторзија на пазарот на работна сила во земјата, и ќе ја влоши и онака тешката состојба со невработеноста која принуди многу наши граѓани да се отселат во други земји за да обезбедат работа и егзистенција, стои во соопштението на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Се наведува и дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која во време на своето владеење понудила и пружила голема помош и подршка за мигрантите кои транзитираа низ Република Македонија.
-Но со вакво ниво на сиромаштија и невработеност да се прифати трајно населување на десетици илјади мигранти би било сериозен удар на сите досегашни напори за смалување на невработеноста во земјата за граѓаните на Македонија, а и самите мигранти ќе имаат сериозни потешкотии во добивањето работа и егзистенција во земја со стапка на невработеност од 22.9 отсто, стои во соопштението.