Седницата на Централниот комитет заседава во моментов. Станува збор за редовна седница на Централниот комитет на партијата, на која се зборуваше за актуелната политичка и економска состојба.
Дополнително, се потврди силната кохезија која ја има пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од почеток до крај сите 44 пратеници, а во однос на неприфаќање на уставни измени под бугарски диктат.
Воедно, падна во вода и тезата која власта ја пласираше години наназад во јавноста дека партијата ја раководат други лица, затоа што различностите се очигледни денес.
ВМРО-ДПМНЕ е главен партнер на идната влада која ќе ги донесе промените кои и се неопходни на Македонија, а потоа ќе следи одговорност за сите кои во различни сфери и области направиле голема штета на Македонија!