![vmro izjava 02](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/vmro-izjava-02.jpg?resize=682%2C404&ssl=1)
Со овие промени се ограничува мандатот на претседателите на партијата на четиро години, со право на реизбор уште два пати, но под услов третиот пат да биде избран со гласовите на две третини од членовите на партиските органи и тела.
„Измена на статутот на партијата се во насока на поголема демократизација на партијата следејќи ги сестринските партии како Хрисијанско-демократска унија и австриската Конзервативна партија. Новите измени се револуциопнерни, во насока на поголема демократија во партијата, овеќр право на одлучување на комитетите на партијата, воведување на непосреден избор на претседатели на општинските комитети, и раководствата на комитетите, демократски избор на идните државни функционери кандидати за градоначалници, воведување нови органи на партијата, ограничување на правото на реизбор на претседателот на партијата, воведување унија на втерани и форум на интелектуалци на партијата“, рече Тошковски.
Претседателот на партијата ќе може да биде избран најмногу двапати, рече Тошковски и додаде дека трет мандат би можел да има ако така одлучи конгресот на партијата.
ВМРО-ДПМНЕ ја укинува и функцијата почесен претседател и отсега ниту поранешните челници Никола Груевски, ниту неговиот претходник Љубчо Георгиевски ја немаат таа функција.