CNN: САД добиле информации за ирански заговор за убиство на Трамп

Соединетите држави добиле разузнавачки информации во последните седмици за наводен ирански заговор за атентат на поранешниот претседател Доналд Трамп, објави во вторникот СNN, цитирајќи неименувани лицанаводно запознаени со ова прашање.

CNN објави дека нема индиции дека 20-годишниот осомничен за обидот за убиство врзз Трамп во саботата е поврзан со заговор.

Американската Тајна служба и кампањата на Трамп биле запознати за заговорот пред собирот во саботата, објави репортер на CNN на платформата Х, цитирајќи официјален претставник за национална безбедност на САД.

Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави за CNN дека агенцијата неодамна го засилила обезбедувањето на поранешниот претседател Трамп. Фунцкионери од кампањата на републиканецот во неделата, ден по атентатот, тврдеа дека Тајната служба повеќе седмици пред инцидентот не одговорила позитивно на барањето на засилнување на неговата одбрана, што Тајната служба го негираше.

Тајната служба сѐ уште не одговорила на барањето на Reuters за коментар на објавата на CNN.

Агенцијата се соочи со критики последните денови откако осомничениот вооружен млад маж непречено се качил на покривот од објект на само 140 метри од бината на која говорреш трамп од каде имаше отворен простор за стрелање на Трамп, погодувајќи го крај увото, убивајќи еден учесник на митингот и рани други двајца.