Интерконтиненталната балистичка ракета којашто во петокот ја тестирала Северна Кореја, се чини би можела да има дострел доволен да ги погоди сите големи градови во САД, пренесе телевизијата CNN повикувајќи се на американските воени експерти.
Во телевизискиот прилог се наведува дека комбинирањето на американските, јужнокорејските и јапонските анализи од лансирањето изведено од базата Мипјонг-ни, во близина на границата меу Северна Кореја и Кина, укажува дека таа летала околу 45 минути, дека достигнала восочина од 3.700 километри и достигнала оддалеченост од 1.000 километри.
„Кога таа ракета би била лансирана преку вообичаената траекторија којашто е порамна, американските градови како Лос Анџелес , Денвер и Чикаго, лесно би биле во нејзиниот дострел, а можно е дека би била во состојба и да достигне и до Њујорк и Бостон“, изјавил експертот за проектили Дејвид Рајт од „Здружението на загрижените научници“.
Здружениот генералштаб на војската на Јужна Кореја ја соопшти својата процена, изведена врз основа на дострелот на ракетата, дека во петокот тестираната севернокорејска балистичка ракета е понапредна во однос на онаа којашто беше лансирана претходно во јули. Стручњаците изјавиле дека овој тест покажал дека Пјонгјанг е способен да ја погоди Алјаска, пренесе јужнокорејската новинска агенција Yonhap.
Рајт наведува дека со прелиминарните анализи не може да се утврди колку бил тежок товарот кој ракетата го носела во својата боева глава. „Колку товарот е потежок, толку дострелот е помал“, напиша Рајт на интернет страницата на својата организација.
Севернокорејската државна новинска агенција KCNA објави во саботата дека ракетата лансирана последниот ден била од типот „Хвасонг-14“, иста којашто беше лансирана претходно овој месец како и дека цел на тестирањето била да се покаже максималниот дострел на оваа ракета „со голема и тешка нуклеарна боеава глава“. Агенцијата наведува дека во Вашингтон на овој тест треба да гледаат како на „сериозно предупредување“.
Агенцијата Bloomberg пренесува дека севернокорјескио челник Ким Цонг-ун тврди дека би можел да го погоди севкупниот континентален дел на Соединетите држави.
„Ја покажавме нашата способност да ја истреламе нашата интерконтинентална балистичка ракета кога и да е и од која и да е позиција и дека нам во дострел ни е целокупната територија на САД“, го цитира агенцијата KCNA претседателот Ким. Додал дека вчерашната проба била „завршна проверка“ на техничките можности на ракетата „Хвасонг-14“.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште ноќта кон саботата ја осуди Северна Кореја поради лансирањето на ракетата, порачувајќи дека тоа уште повеќе ќе го изолира Пјонгјанг, како и дека САД ќе ги преземат сите мерки да ја осигурат својата и безбедноста на своите сојузници во регионот.
„САД ги отфрлат тврдењата на Пјонгјанг дека овие тестови и тоа оружје ќе ја осигурат безбедноста на Северна Кореја. Во стварноста тие имаат сосема спротивен ефект“, наведе Трамп во соопштението.
Заканувајќи му се на светот, додава американскиот претседател, ова оружје и тестовите уште повеќе ја изолираат Северна Кореја, ја слабеат нејзината економија и го осиромашуваат нејзиниот народ, пренесува агенцијата AFP.
„САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за да ја обезбедат безбедноста на Америка и да ги заштитиме нашите сојузници во регионот“ наведе Трамп. Тоа, според неговите зборови, само е последниот безобѕирен и опасен потег на севернокорејскиот режим, пренесе Reuters.
РИА Новости https://ria.ru/world/20170729/1499381657.html