Црна е кампањата на СДСМ, црна ќе биде и судбината на оваа екипа на Бихаќка

Другарчиња од СДСМ, тажно е да се гледа како заглибувате во калта на нови лаги и комични манипулации.

После цели седум години неработење, ништо паметно не можете да смислите?

После седум години распродавање на македонските национални интереси, вие сериозно мислите да се вадите на овие фејковачи?

Тоа е вашата „европска“ идинина?!

Чуму ви е лагата дека постоел некаков „оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести“.

Цитирам дајректли фром Бихаќка …

Па добро, сериозни ли сте?!

Секој што повнимателно ќе ги погледне објавените божемни „документи“, што ги штанца фабриката на СДСМ за лажни вести, лесно ќе сфати дека станува збор за класична измислица.

Ако баш мора, еве неколку очигледни докази за тоа:

Прво, факт е дека е згрешено презимето на наводниот клучен автор на оперативниот план, Луке Галевски. Она „в“ во презимето на Луке е вишок. Како и „в“ во презимето на Зоран Ставрески.

Нејсе, да речеме дека ова и не е некоја голема утка – ако можеле сдсмовци од презимето на својот лидер да ја исфрлат буквата „в“, другарски е Луке да истрпи да му се додаде.

Второ, малку посериозен проблем е првата реченица во божемниот документ. Гласи вака: „Согласно одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржана на 05.12.2024, а поврзана со првата седница на Републичкиот изборен штаб …“

Добро, знаеме дека на пи-ар службата на СДСМ писменоста баш не ѝ е јака страна, па ќе прифатиме дека „писателиве“ не знаат дека одлука не може да биде одржана, дека тоа е фатална семантичка непрецизност во изразувањето. Децата, едноставно, не знаат што е тоа семантика.

Пострашен е датумот којшто е наведен, кога наводно се одржала „одлуката“, а веројатно се мисли на седницата на Извршниот комитет – 05.12.2024.

Добро бе, другарчиња, немате таму календари на Бихаќка? Па 5 декември 2024 година сè уште не е стасан!

Дури и да станува збор за грешка на годината – мислеле 2023, чкртнале 2024 – сте можеле да знаете дека Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ е активен од февруари 2024 година.

Кога се прават вакви фејковачи, на вакви детали треба да се мисли, ало!

Трето, во божемните документи се спомнува некојси Ивица Грамбозов. Такво лице, едноставно, не постои! Има таму некој Грамбозов, ама не е Ивица. А не е ни Марица …

Четврто, во божемните документи се спомнува и Дејан Пројковски. Добро, Дејана Пројковски го знаеме сите, но факт е дека тој не е виден во штабот на ВМРО-ДПМНЕ седум години!

Петто …

Сакате и петто?!

Ќе запрам тука со оваа „форензика“ на вашите лаги, другарчиња. И овие неколку едноставни факти на кои укажав, јасно потврдуваат дека станува збор за целосна фабрикација, создадена во фабриката на СДСМ за лажни вести, централниот погон на црната кампања на СДСМ.

Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека станува збор за клевета и бара извинување од владејачкиот СДСМ, а во спротивно ќе следи тужба. Кој и да ја смислил оваа блуеница, нормално, се раководел од мислата дека една таква тужба нема да може брзо да се процесира. Како и да е, челинџот е тука – постои начин да се утврди фактичката состојба и да се докаже дали станува збор за автентични или за креирани фејк документи. При што, во нормална држава, во која владее правото, товарот на докажување би бил на оној што тврди, во случајов на СДСМ.

Хм, во нормална држава …

Ќе биде ова нормална држава, еден убав ден. До тогаш, нема потреба да се исцрпуваме со докажување на она што се гледа од авион – ова се лаги и црнила.

Црна е бојата на кампањата на СДСМ.

Црна ќе биде и судбината на оваа екипа на Бихаќка.

Така ќе биде, другарчиња од СДСМ.

Жал ми е, но тоа сè уште е само добрата вест. Имам и лоши вести за вас. Но, за тоа во некоја друга (не)прилика …

Црната кампања е доказ на неспособноста на вашите пи-ар стратези да смислат приказни што ќе ги убедат луѓето и сега, на овие избори, да гласаат за вашата власт.

А пред тоа да ги прифатат вашите патетични извинувања, што ги слушам во вашите говори и во вашите колумни.

„Извинете“ ова, „извинете“ она …

Сега?!

Доцна е сега за извинувања, другарчиња.

А и тие извинувања ви се лажни. Неискрени. Недругарски. Фејкувани …

Како и да е, ништо веќе не може да ви помогне. Не се гои прасе пред Божик.

Анкетите на Владимир Божиновски и на другите тоа јасно го покажуваат. А тие анкети сепак не се лажни. Се потврдува тоа после секој изборен циклус, кога агенциите за истражување на јавното мислење ги споредуваат своите анкети со резултатите од изборите и така уверливо докажуваат дека добро го измериле изборното расположение. Барем повеќето од нив. Меѓу кои бездруго е и агенцијата на Божиновски.

Нејзините резултати не можете да ги истрпите. Ви бодат очи. Ве паничат. Ве фрлаат во очај. Па уште на МТВ …

А не треба да биде така. Успокојте се. На 8 мај СДСМ ќе потоне, но тогаш ќе сфатите дека и после изборниот пораз има живот. Додуша, не баш каков што имавте во овие долги седум години, но се живее и без бифтеци, другарчиња.

Не помагаат ваквите сачекуши. Знам дека оваа фејковача е смислена во пресрет на вечерашниот телевизиски дуел меѓу Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски. Кој знае со каква идиотска идеја. Ама, што со тоа?

А ни дуелот нема ништо да промени. Освен ако Ковачевски денеска до 18 часот не пушти во употреба 20 километри од кој било автопат. Добро, барем 2 километра. Јас ќе прифатам и 2 метра. Ќе го напишеме во сантиметри (200) или во милиметри (2.000), да изгледа повеќе …

Не бива, другарчиња.

Не помагаат ни валканиците од лажните Фејсбук профили. За кои се трошат илјадници евра. Тоа се пари за кои некој, набрзо, ќе праша чии се, од каде потекнуваат и како се оданочени.

Како оној идиотски профил … Сакам Супер Бинго. Не, не беше така. Сакам Да Сум Европски Граѓанин. Да, тој е. Со сите големи букви. Навистина писменоста не ви е јака страна.

Ништо не помага, другарчиња.

Помирете се со тоа. И да ви повторам:

Црна ви е кампањата, таква ќе ви биде и судбината.

Ебае будалите!

Со „в“.

Автор: Бранко Героски за Плусинфо.мк