Црна година за Албанија: Лани починале 30.600 лица

Во Албанија минатата година забележана е највисока стапка на смртност досега, врз што големо влијание имала пандемијата со Ковид-19, потврдува Институтот за статистика, ИНСТАТ.

Според ИНСТАТ, во 2021 година почнале 30.600 лица, што е за 2.900 повеќе споредено со претходната, додека пак во споредба со 2019 година, пред пандемијата, бројот на починати е повисок за повеќе од 8.600. Гледано одделено по квартали, најголем број смртни случаи се регистрирани во периодот јануари-март 2021 година или над 10.200, од над 9.600 во истиот квартал претходната година.

Од друга страна продолжува падот на стапката на наталитет. Во годината што е зад нас, статистиката зборува за над 3.700 новороденчиња помалку во споредба со 2020 година, бидејќи вкупниот број на раѓања паднал на 27.284.

Доколку се споредат бројките на почнати и новородени, произлегува дека минатата година регистрирани се 3.296 смртни случаи повеќе од новородени.