Црна Гора ја совлада Србија со 28:26, и го освои петтото место на Светското првенство во ракомет за жени, кое се игра во Кумамото, Јапонија.
Иако мечот немаше големо резултатско значење, сепак се играше за престиж. И Црногорките и Србинките обезбедија место во квалификациите за Олимписките игри во Токио, па следната година би можеле повторно да заиграат во Јапонија.
Денеска се играат полуфиналните мечеви, а двојките се Русија – Холандија и Норвешка – Шпанија. Финалистите одат директно на ОИ, додека третиот и четвртиот ќе играат квалификации.