Црногорските здравствени власти одлучија во средата, поради остриот раст на бројот на заразените со коронавирусот, да го ограничи работното време на сите угостителски објекти до 22 часот, а со новите мерки го условуваат влегувањето во државите со негативен PCR или антигентски тест.
Исклучок е направен за новогодишната ноќ кога кафулињата и рестораните ќе можат да работа до 01 часот по полноќ.
Новите стапуваат на сила на 30-ти декември и ќе траат до 12-ти јануари.
Со новите епидемиолошки мерки забрането е собирањро на населението во затворени јавни простори, се затвораат игротеките и салите за вежбање, додека во верските објекти е дозволено вршење на верски обред со присуство на едно лице на 10 квадратни метри, со задолжително носење маска.
Забрането е и присуство на гледачи во текот на натпреварите во затворените спортски објекти, додека посетите на културни инстуции се дозволени со поседување на ковид-потврда.
Организрање на работата од дома им е предложена и на јавните установи.
Од 2-ри јануари се заоструваат и условите за влез во Црна Гора, па црногорските државјани и странците можат да влеза во земјата со ковид-потврда којашто гарантира дека на лицето не му поминале повеќе од шест месеци од втората доза, или шест месеци од прележувањето на Covid-19. И во двата случаи мора да се поседува или негативен PCR тест не постар од 72 часа или брз антигенски тес кој не е постар од 48 часа.
Во Црна Гора ќе може да се влезе и без овие докази, но со одредување на изолација во траење од 10 дена која може да биде прекината најрано три дена по негативен PCR тест.
Здравствените власт, како што соопшти на вонредна прес-конференција министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ, преложиле порестрективни мерки кои подразбирале потполно затворање на угостителстите објекти, но тој предлог владата не го прифатила.
Од претходно се заранети организираните дочеци на Новата година на градските плоштади, а носењето маска е задолжително во затворен простор.
Во Црна Гора последните два дена бројот на дневно новозаразените е за трипати зголемен, па од околу 500 колку ги имаше во понеделникот, во средата беа 1.500 заразени.
Првото полугодие од училишната година денеска завршува во Црна Гора, а за вработениет во петок започнува низата неработни денови поради новогодишните и божикните празници.
Црна Гора со две дози од вакцините против Covid-19 околу 60 отсто од населнието, додека третата доза ја примиле 75.000 жители. Од почетокот на пандемијата од коронавирусот починале околу 2.400.