Во Брисел денеска ќе биде отворено клучно поглавје во преговорите меѓу Црна Гора и Европската унија, 23 и 24, што се однесуваат на правосудството, на основните права и слободи, на правдата и безбедноста.
Според најавувањата, ќе бидат отворени уште неколку други поглавја, а црногорската делегација на Меѓувладината конференција во Брисел, ќе ја предводи министерот за надворешни работи и европски интеграции, Игор Лукшиќ.
По повод отворањето на поглавјата 23 и 24, европскиот известувач за западен Балкан, Јелко Кацин, ја повика опозицијата во Црна Гора, да ги признае резултатите на земјата во приблиањето кон ЕУ.
Кацин за „Радио Црна Гора“ изјавил дека Црна Гора не е Украина, дека ЕУ има сосема добар увид во нејзиниот напредок во процесот на европските интеграции и дека опозицијата би требало конечно да го признае тоа.