Црногорското Национално координативно тело за заразни болести ја укина во петокот вечерта мерката задолжително носење заштитни маски во повеќето затворени простори, со што направи голем чекор кон нормализација на животот два и пол месеци откако на 17-ти март во оваа земја беше потврден првиот случај на зараза со новиот коронавирус.
Заштитните маски остануваат задолжителни за вработените и пациентите во јавните и приватните здравствени установи, домовите за стари лица, вработените во детските градинки, како и за корисниците на средствата на јавниот сообраќај.
Црогорската влада донесе и одлука за престанување на важноста од понеделник на мерката со коај еден од родителите на децата помалди од 11 години му е одобрено платено отсуство од работното место, бидејќи од крајот на седмицава започнаа со работа детските градинки. Оваа мерка беше донесена неколку дена пред во Црна Гора да биде регистриран првиот случај на зараза.
Црна Гора е првата „корона фри“ држава во Европа отокао на 2-ри јуни, по 28 последователни дена, на својата територија немаше регистрирано нов случај на зараза со коронавирусот и прогласи крај на епидемијата.
Црногорскиот премиер Душко Марковиќ потврди дека во овој момент земјата ги отвори границите со 131 земја во која стапката на активни случаи е под 25 на 100.000 жители. Но во врска со претстојната туристичка сезона призна дека ситуацијата е загрижувачка и претставува голем удар за црногорската економија.
Според проекциите на црногорската влада, тамошната економија годинава ќе подне за 6,8 оѕсто, додека падот од приходите од туризмот ќе изнесува околу 40 отсто.