Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа во Њујорк најави дека Алијансата би можела да донесе одлука за членството на Црна Гора на престојната средба на врвот во Варшава, што ќе се одржи на 8 и 9 јули, јави ТАСС.
– Сега работиме на официјалната покана за приклучување на Црна Гора во Алијансата и сметам дека ќе ја донесеме одлуката Црна Гора да стане 29-та членка на НАТО на нашата средба на врвот, рече Столтенберг.
НАТО лани во декември донесе одлука да ја покани Црна Гора во полноправно членство.