Црногорската Влада планира до септември да побара статус држава набљудувач во рамки на Арапската лига за да засили контакти со држави од арапскиот свет и со цел привлекување инвестиции, пренесоа медиумите.
„Со членство можеме да направиме непосреден увид во тоа што работи Арапската лига, во политиката што ја водат, а која може да биде важна за нашата дипломатија. Исто така се отвораат и учества на наши високи официјални лица на состаноци на Арапската лига каде може да се остварат билатерални контакти“, рекол Павле Каранкиќ од МНР на Црна Гора.
Соработката на Црна Гора и арапските држави е интензивирана во изминатите години и инвестициите во периодот од 2007 до 2013 во Црна Гора изнесуваат околу 80 милиони арапски инвестиции.
Подобра соработка и директни контакти со државите од арапскиот свет се главните причини што Црна Гора во септември ќе побара статус набљудувач во рамки на Арапската лига.
Во рамки на Арапската лига има 22 исламски држави и четири држави-набљудувачи – Бразил, Еритреја, Венецуела и Индија.