Црна Гора: Ќе се соопштува бројот на новороденчиња, но не и полот

Клиничкиот центар на Црна Гора во иднина ќе го соопштува само бројот на новородени деца, но не и нивниот пол.

– Обичај во светот е да се соопшти бројот на новороденчиња и ништо повеќе. Сметам дека децата од машки и женски пол се целосно еднакви, имаат еден и ист статус и зтаоа не треба да има дискриминација по пол, нагласил директорот на центарот Ранко Лазовиќ.

Иако граѓанското здружение „Родители“ вели дека не е јасно зошто тоа е дискриминација, социолизите ја поздравуваат одлуката на Лазовиќ.

Црна Гора заедно со Албанија, Азербејџан и Ерменија, е земја со најголем дисбаланс меѓу децата од машки и женски пол. Статистиката покажува дека во Црна Гора се раѓаат 100 девојчиња на 110 момчиња, додека природниот баланс е 100 на 102 до 104.