Црна Гора направи важен чекор кон ЕУ

Во петокот Европската комисија препорача одржување на Меѓувладина конференција со Црна Гора и испрати позитивен Извештај за исполнување на привремените одредници во поглавјата 23 и 24 (IBAR), јавуваат црногорските медиуми.

Според неофицијални информации на црногорските медиуми, Европската комисија дала зелено светло за натамошно разгледување на извештајот во Советот на Европската унија.

Извештајот за исполнување на привремените одредници (IBAR) Европската комисија го достави до земјите-членки на ЕУ, кои конечно одлучуваат за продолжување на процесот на пристапни преговори меѓу земјата кандидат и Европската унија.

Во својата оценка, ЕК заклучи дека Црна Гора во целина ги исполнила привремените одредници, постигнала добар резултат на ниво на усогласеност и дека напредува во примената на правото на ЕУ и европските стандарди во поглавјата 23 и 24.

Во случајот со Црна Гора, позитивен IBAR беше неопходен за земјата да излезе од повеќегодишниот застој во процесот на преговори за членство. Црна Гора ги отвори сите поглавја, но само три досега се привремено затворени.

Црна Гора аплицираше за членство во ЕУ во 2008 година, а пристапните преговори започнаа на 29 јули 2012 година. Преговорите меѓу ЕУ и Црна Гора западнаа во 2020 година, кога првпат по три децении, Демократската партија на социјалистите (ДПС) на најдолговечниот члекни во Европа, Мило Ѓукановиќ, беше симата од власт на парламентарни избори.

Преговорите беа деблокирани на крајот на 2023 година, со доаѓањето на новата влада предводена од Милојко Спајиќ од популистичкото движење Европа сега.