Осум луѓе починаа од свински грип оваа сезона во Црна Гора.
Вирус од типот АХ1Н1 однесе последниве денови уште три животи во земјата, соопштуваат од Институтот за јавно здравје во Подгорица. Оваа сезона од респираторни инфекции починаа осум луѓе, што е најмногу во регионот, според бројот на жители. Моментално има 130 луѓе заболени од грип, при што повеќето се на возраст од 25 до 60 години.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, повеќето од починатите не примиле вакцина против грип.
Пандемија на свински грип имаше во 2009 година, и тогаш во Црна Гора имаше смртни случаеви.
Свинскиот грип доминира и во сезоната 2015/2016, соопштува Европскиот центар за превенција и контрола на болести.