Министерката за труд и социјална политика на Црна Гора, Наида Нишиќ, најави дека до крајот на годинава Црна Гора може да очекува воведува на седумчасовно работно време. Таа рече дека социјалната грижа во иднина ќе биде вистинска и наведе дека нема да има укинување.
Во интервју на емисија на националното радио на Црна Гора министерката рече дека се што најавил премиерот Милојко Сајиќ во текот на својата кампања, оваа промена ќе се реализира во текот на годината, вклучувајќи го и седумчасовното работно време.
За постетување, при претставувањето на својата програма „Европа сега 2“, премиерот Спајиќ предложи скратување на работното време од 40 на 35 часа.
„Задоволниот и одморниот работник е поиновативен, попродуктивен и полојален, што придонесува за зголемување на профитот на работодавците и поголеми приходи во државата. Затоа и оваа програма ќе има позитивно влијание и на вработените и на државата. Затоа еден час оомалку, всушност, ќе биде еден часд повеќе“ изјави Спајиќ.
Тој додаде дека според официјалните податоци, Црна Гора има една од најдолгите работни недели во Европа и тоа во просек подолга од 42 часа. Во споредба со земјите од ЕУ, тоа е дури 6 часа повеќе неделно.
Извор: (Bizlife)