Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг најави дека преговорите за членство на Црна Гора во Алијансата ќе започнат кон средината на следниот месец, пренесе МИА.
Во текот на 2015 година донесовме уште една важна одлука која се однесува на стабилноста на Западниот Балкан. Формално ја поканивме Црна Гора да започне преговори со цел да стане 29-та членка на НАТО, изјави Столтенберг при претставувањето на редовниот Годишен извештај на Алијансата.
Според него, со поканата испратена до Црна Гора упатен е „јасен сигнал до оние кои сакаат членство во НАТО дека вратите на Алијансата остануваат отворени“.
Со цел постигнување на сите три основни цели на Алијансата – заедничката одбрана, решавање на кризните состојби и гарантирање на колективната бебзедност, од голема важност е НАТО да има не само исправна политика, способности и односи, туку и структури што ќе ги поддржуваат и ќе служат во интерес на тие цели, рече Столтенберг.
Тој нагалси дека во текот на 2015 година НАТО продолжил да се прилагодува и да спроведува реформи, со цел да претставува модерна, ефикасана и одговорна институција.