Црна Гора прогласи епидемија на целата територија

Црногорскиот Кризен штаб за заразни болести одлучи во вторникот вечерта повторно да прогласи епидемија од новиот коронавурус во целата земја и воведе задолжително носење маски на отворен и затворен простор, освен на плажите и во националните паркови.

До вечерва, откако беше објавено за 96 нови случаи на заразата на дневно ниво, во Црна Гора беше прогласена во пет општини на северот на земјата.

Во вториот бран на епидемијата од короанвирусот во Црна Гора заболеле вкупни 2.045 лица, а починале 26 заразени. Статистички гледано, на 100.000 жители бројот на моментално заболените во земјата е 305 и оваа земја според овој параметар е водечка во регионот.

Поради ваквата епидемиолошка ситуација црногорскиот Институт за јавно здравје ѝ предложил на владата прогласување „состојба на епидемија од заразна болест“ во целата земја, и заптитна мерка за задолжително носење заштитни маски.

„Носењето заштитни маски од полноќ е задолжително на целата територија на Црна Гора, вклучително и за децата постари од седум години, освен на плажите и во националните паркови, под услов да се одржува физичката дистанца и претходно пропишатните мерки. Се ограничува, исто така, собирање на максимално 40 лица на отворени јавни места, а на 20 лица на затворени“, соопшти црногорската влада.

Мерките за забрана на работа на ноќните и на диско клубовите, како и организирање свадби, матурски, роденденски и други приватни прослави е продолжена до 6-ти август. Претходно работата на угостителските објекти во централниот најнаселен дел на земјата беше ограничено до 22 часот, додека во приморјгет работното време на кафулињата и рестораните до полноќ.

Во пет општини на северот: Берани, Бијело Поље, Петњица, Пљевље и Рожаје, во кои претходно е прогласена епидемија на коронавирусот, продолжена е мерката на целосна забрана на угостителските дејности.

Вториот бран на заразата во Црна Гора започна на 14-ти јули, и од тогаш до денеска бројот на заразените е трикратно зголемен во однос на првиот бран, кога за два и пол месеци имаше заразено 324 лица.

Црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ истовремено реке дека граѓаните со одговорно однесување треба да придонесат за зачувување на работните места, но дека е „бесмислено да се очекува скогаш кога има раст на бројот на заразените да го затвораме стопанството“.

Секулиќ за јавниот сервис рече дека во првиот бран од епидемијата затворањето на стопанството имало смисла, бидејќи сѐ било сторено за граѓаните и економијата да да се подучат на работа и однесување во услови на епидемијата и оти смета дека би било неодговорно со секој раст на бројот на позитивните случаи да се затвора стопанството.

„Мораме да научиме дека единствено со своето однесување можеме да ги сочуваме нашите работни места, а стопанствениците со примена на мерите да ја сочуваат и својата работа и работните места на вработените“, рече Секулиќ.