Црна Гора со амандмани на Резолуцијата за Сребреница: Одговорноста за злосторствата е индивидуална

Владата на Црна Гора вечерва ја усвои информацијата за амандманите на Црна Гора на Резолуцијата за Сребреница и му наложи на Министерството за надворешни работи во понеделник да ги испрати амандманите до предлагачот. Во нив се наведува дека одговорноста за злосторствата е исклучиво индивидуална и не може да таргетира народ или држави.

Како што претходно беше најавено, Црна Гора ќе поднесе два амандмани на Резолуцијата за Сребреница со цел да се постигнат подобри односи и да се смират политичките тензии во регионот, пренесува РТЦГ.

Според амандманите, се предвидува индивидуализирање на вината за геноцидот во Сребреница, но и инсистирање на строго почитување на Дејтон.