Црна Гора во петокот замрзнала 44 недвижнини на 34 руски државјани за коишто претходно биле воведени санкции, соопшти црногорското министерство за внатрешни работи.
Како што се наведува во соопштението, со тоа е „продолжено усогласувањето на црногорската надворешна политика со надворешната и безбедносната политика на Европската унија“.
„За 44 недвижнини Управата за катастар и државна сопственост донесе соодветни решенија со коишто е ограничено располагањето со имотот во Црна Гора за тие лица“, се додава во соопштението.
Се потсетува и дека оваа одлука доаѓа „само десетина дена“ по средбата меѓи црногорските функционери со функционери од Европската комисија.
Црна Гора, покрај Бугарија и Македонија, на почетокот од седмицата, го затвори својот воздушен простор за прелет на авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров требаше да допатува во официјална најавена посета на Србија.