Крвавите судири во украинска престолнина земаа 82 животи. Во пресметките меѓу полицијата и демонстрантите со повреди се здобиле 699 лица, од кои 463 се хоспитализирани.
Опозициските приврзаници се на улица од средината на ноември, но протестите ескалираа во последнава седмица.
Вчера е издаден и налог за апсење на сменетиот претседател Виктор Јанукович, кој е осомничен за масовни убиства за време на протестите. Јанукович е во бегство. Украинското МВР наведува дека Јанукович последен пат бил виден во неделата вечерта на Kрим, а западните агенции веруваат дека тој е на истокот од земјата, кој отсекогаш бил упориште на неговата моќ.