Купувачите ширум светот се собраа во продавниците во петокот за Black Friday (црниот петок), ден на големите попусти, но се чини дека манијата е помала од претходните години.
Брокерската куќа „TD Cowen“ ја намали прогнозата за раст на потрошувачката во САД на 2 до 3 отсто од претходните 4 до 5 отсто. Раните попусти во октомври и ноември се чини дека ја намалија возбудата околу ткн „црниот петок“.
„Луѓето веќе го имаат она што го сакаат… Бројот на големите екрани и Алекс (домашен асистент) што можете да ги купите е ограничен“, вели
Дејвид Клинк аналитичар во банката „Huntington“.
Рекордни 130,7 милиони Американци се очекува да ги посетат вистинските и онлајн продавници овој петок, објави здружението на трговци. Црниот петок во САД е познат по долгите редици од рано наутро за секој да може да стигне до својот телевизор или некој друг домашен уред.
Американските купувачи планираат да потрошат во просек 875 долари, 42 долари повеќе од минатата година. Според истражувањето на здружението, на врвот на листата на желби се облеката, подароците и играчките.
Црниот петок започна во САД и се прошири низ светот, а се пресели и на интернет.
Во Франција, Италија и Шпанија најмногу купуваат облека, а по нив се електронските уреди, покажа истражувањето на PwC. Французите во просек планираат да потрошат 295 евра, а 65 отсто од купувањата ќе бидат онлајн.
Онлајн купувањето ја намали важноста на црниот петок како еднодневен настан. Американските купувачи потрошиле рекордни 5,6 милијарди долари на интернет за Денот на благодарноста, што е за 5,5 отсто повеќе од минатата година.