Снимачите на разговорите во пилотската кабина и на текот на летото на урнатиот патнички авион на азербејџанската воздухопловна компанија „Azerbaijan Airlines“ во Казахстан ќе бидат испратени во Центарот за истражување и спречување на воздухопловни несреќи на Бразил (CENIPA), соопшти доцна во неделата прес-службата на Министерството за транспорт на Казахстан.
Летот „Ј2-8243“ се урна во средата во близина на градот Актау во Казахстан, откако по барање на пилотот го пренасочил летот од јужна Русија каде што со седмици беа изведување напади со украински беспилотни летала, вклучително и врз чеченската престолнина Грозни каде требало да слета авионот кој полетал од азербејџанската престолнина Баку.
„Комисијата за истрага на воздухопловната несреќа, предводена од министерот за транспорт на Република Казахстан, Марат Карабаев, одлучи да ги испрати снимачите на летот (црните кутии) до Центарот за истражување и спречување на воздухопловни несреќи на Бразил (CENIPA), кој исто така е земја на потекло на авионот Embraer“, се вели во соопштението.
Се истакнува дека во согласност со стандардите од Анекс 13 од Чикашката конвенција, државата што ја спроведува истрагата обезбедува читање на снимачите на летот и одлучува за изборот на земја за читање и дешифрирање на „црните кутии“. Казахстан ја ратификуваше оваа конвенција во 1992 година и е членка на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO).
Министерството нагласува дека донеле одлука врз основа на горенаведениот документ, како и земајќи ги предвид препораките на ICAO и консултациите со воздухопловните власти на Азербејџан и Русија. Центарот CENIPA ги има потребните технички можности, опремен е со соодветна опрема и сертифицирана лабораторија за читање.
Авионот од типот „Embraer 190“ на „Azerbaijan Airlines“, кој летал од Баку за Грозни, се урна утрото на 25-ти декември во близина на градот Актау во западен Казахстан. Во авионот имало пет членови на екипажот и 62 патници, од кои 16 Руси, 37 државјани на Азербејџан, шест од Казахстан и тројца од Киргистан. Според казахстанското Министерство за здравство, преживеале 29 лица.
Според наводно извори од азарбејџанската истрага, на кои се повика Reuters, авионот е соборен од руската противвоздушна одбрана која била активна во текот на украински напад со беспилотни летала во јужна Русија. Преживеан од летот, исто така, рекол дека пред падот се слушнал најмалку еден силен тресок.
Во азербејџанскиот авион кој се урна близу аеродромот Актау, пред падот експлодирала боца со кислород, изјави во петокот казахстанскиот министер за транспорт Марат Карабаев, цитиран од Sputnik Казахстан. Според Карабаев, ова се случило во патничката кабина, а луѓето таму почнале да губат свест, а директорот на кулата за контрола на летањето во Актау добил информација за инцидентот во 10,53 часот по локално време.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во текот на телефонскиот разговор во саботата со рускиот претседател Владимир Путин истакна дека авионот бил „изложен на надворешно физичко и техничко мешање во рускиот воздушен простор, што резултирало со целосно губење на контролата и пренасочување кон градот Актау“, соопшти кабинетот на азербејџанскиот претседател.
Путин се извини што авионската несреќа се случила во воздушниот простор на Русија. Истакна дека за време на трагедијата, чеченската престолнина Грозни, каде што азербејџанскиот авион двапати се обидел да слета, бил нападнат од украински беспилотни летала и системите за противвоздушна одбрана ги одбиле нападите.
Шефот на руската Федералната агенција за воздушен транспорт (Росавијација) Дмитриј Јадров откри во петокот нови детали за падот на авионот на „Azerbaijan Airlines“ во регионот Актау.
Авионот не можел да слета на аеродромот во Грозни поради режимот „Ковер“, кој предвидува итно полетување на сите авиони од наведената област. Воведен е поради обидот на украинските тајни служби да извршат терористички напади врз цивилната инфраструктура во руските градови Грозни и Владикавказ, кои претходните седмици беа цели на украински удари со беспилотни летала, соопшти Росавијација.
На денот на катастрофата, ситуацијата во областа на аеродромот Грозни била тешка: густа магла, и без видливост на надморска височина од 500 метри. Капетанот на авионот се обидел двапати да го приземји авионот, а потоа решил по сопствени избор да лета до аеродромот во Актау, соопшти Росавијација.
Росавијација соопшти дека на капетанот на авионот му биле понудени други аеродроми за принудно слетување, но тој го избрал казахстански Актау. Русија веднаш ги информирала своите колеги од Казахстан и Азербејџан за целосната и сеопфатна подготвеност да соработува во истрагата за авионската несреќа.
Летот Ј2-8243 на „Azerbaijan Airlines“ летал стотици милји од својата закажана рута од Баку, главниод град на Азебејџан, до Грозни во руска Чеченија, уривајќи се на спротивниот брег на Каспиското Море, по, како што соопшти руската авијација, вонредна состојба која можеби била предизвикана од судар со птица.