Црногорци уапсени со 69 килограми кокаин во Франција

Пет црногорски државјани се уапсени во Франција откако полицијата во нивниот автомобил пронашла 69 килограми кокаин, вреден околу 2,5 милиони евра.

Полицијата го запрела автомобилот со кој уапсените се враќале од Шпанија, и после неколку часа претрес пронашле 69 килограми кокаин во пакувања од по еден килограм во таен бункер во возилото.

Меѓу уапсените бил и водачот на криминалната група и една жена.

 

Се очекува надлежните да запленат и недвижнини вредни околу 500.000 евра, за кои постои сомневање дека уапсените ги стекнале со криминални активности.