
Новинарка на црногорскиот дневен весник Вијести, Оливера Лакиќ, во вторникот вечерта е ранета од огнено оружје.
Инцидентот се случи пред нејзиниот дом во Подгорица.
Според првичните информации Лакиќ е ранета во потколеницата и е вон животна опасност.
Новинарката е хоспитализирана, а полицијата го истражува случајот. Таа изјавила дека ѝ пришол еден маж кога влегувала во влезот во кој живее и намерно ѝ пукал во ногата, а потоа избегал заедно со уште две лица.
Пред шест години Лакиќ на истото место беше претепана