Европската банка за реконструкција и развој ЕБРД обезбеди заем од 3 милиони евра за водечката приватна болница Кодра во Црна Гора.
Со заемот ќе се спонзорира проширување на капацитетите на болницата за да се овозможи подобра интензивна нега и сложени операции, како и воведување на нови ангеографи. Со новата зграда ќе се спојат два постоечки оддели во болницата Кодра со што ќе се зголеми капацитетот за повеќе од половина.
Болницата Кодра е основана во 2001. година како поликлиника, а во моментов е најголемата приватна болница во Црна Гора која нуди дијагностика, оперативни зафати, кардиолошки, гинеколошки, ортопедски и други услуги.
Претставникот на EBRD во Црна Гора, Џулио Морено изјави:
Ги поддржуваме плановите на Кодра за проширување и со задоволство ќе помогнеме финансиски за понатамошно реализирање на истите. Кодра е одличен пример за тоа како треба да функционира сериозна и посветена компанија во здравствениот сектор, и служи како пример во здраствениот сектор.
Заемот е овозможен под финансиска рамка на ЕБРД која овозможува исполнување на финансиски потреби на компании со мал и среден развој во земјите членки на организацијата кои моментално не се поддржани од други финансиски организации. Организацијата најчесто овозможува позајмици за проширување и обнова.
До денес ЕБРД инвестирала над 500 милиони евра во Црна Гора во сите сектори на економијата со што вкупната инвестиција надминува 900 милиони евра.