Црногорската Владата и СПЦ ќе разговараат за законот за слобода на вероисповед

Во Подгорица денеска ќе се одржи состанок на стручни тимови на Владата на Црна Гора и Митрополијата црногоркско-приморска на Српската православна црква (СПЦ) за спорниот Закон за слобода на вероисповед.

Вицепремиерот Зоран Пажин рече дека дијалогот ќе се фокусира на членовите од Законот за слобода на вероисповед кои се однесуваат на имотно-правните прашања.

– Верувам дека со уважување на аргументите на спротивната страна, со подготвеност на толеранција и трпеливост, може да се дојде до решенија што ќе ја релаксираат постоечката ситуација, изјави Пажин, нагласувајќи дека политиката треба да се остави на страна.

Тој рече дека „црвената линија“ е Уставот на Црна Гора и потребата сите граѓани, без оглед на националноста или верата, да се третираат на ист правен начин.

– Регулирањето на верските заедници е надлежност на Црна Гора, но тоа треба да се направи на инклузивен начин, приближувајќи ги сите релевантни заинтересирани страни, и во согласност со релевантните меѓународни и европски стандарди за човекови права, особено со сите препораки од мислењето на Венецијанската комисија од 24 јуни 2019 година, изјави претходно еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Тој повтори дека ЕК повеќе пати го покрена ова прашање, а одржа и состанок со претставници на Црна Гора.