Црвен за Кики, само бод за Реал (М)

Без победник, 1:1, заврши неделниот деби натпревар од 22. коло во шпанската Примера дивизион, пресметката на “Сан Мамеш” помеѓу екипите на Атлетик (Б) и Реал (М).

Освен по погодоците на Ибаи Гомез и Хесе Родригез, дуелот помеѓу вечните ривали најмногу ќе биде запаметен по директниот црвен картон кој го заработи најдобриот фудбалер на денешницата, португалскиот интернационалец, Кристијано Роналдо во 75 минута од натпреварот.

Саботниот кикс на Барселона, на најдобар може начин го искористија фудбалерите на Атлетико (М) кои не дозволија никакво изненадување на “Винсенте Калдерон” и сосема заслужено со убедливи 4:0 го торпедираа гостинскиот тим на Реал од Сосиедад.

Денеска ќе се одигра последниот натпревар од 22. коло, дуелот помеѓу екипите на Вилјареал и Осасуна.

Резултати: Елче – Алмерија 1:0, Бетис – Еспањол 2:0, Атлетико М. – Сосиедад 4:0, Атлетик Б. – Реал М. 1:1.