Црвена Звезда исфрлена од Европа!

Поради непочитување и кршење на правилата за Финансиски Фер-Плеј, шампионот на Србија, тимот на Црвена звезда, нема да настапи во квалификациската рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, во престојната 2014/2015 сезона.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) потврди дека на Црвена звезда и е одземена лиценцата за настап во Лигата на шампиони, но шампионот на Србија има рок од десет дена да поднесе жалба до Меѓународниот суд за арбитража во спортот.

УЕФА, исто така, соопшти дека за неколку дена може да покрене и постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради неоснованото доделување лиценца за Црвена Звезда