Црвена Ѕвезда на две гостување во ЛШ нема да може да носи навивачи и мора да му плати оштета на Салцбург

Дисциплинската комисија на европската фудбалсак асоцијација УЕФА го казни во петокот српскиот шампион Црвена Ѕвезда со забрана за носење свои навивачи на натпреварите против Пари Сен Жермен на 3-ти октомври и Ливепрул три седмици подоцна во групната фаза во Лигата на шампионите.

Казната на ѕвезда ѝ е одредена поради упадот на нејзините навивачи по натпреварот од квалификациите во Лигата на шампионите во Салцбург, за користење пиротехнички средства, фрлање предмети на теренот и нанесување штети на самиот стаион.

Белградскиот клуб, покрај тоа, ќе мора во рој од 30 дена да му ја надомести штетата на австрискиот првак кого го елиминираше за демолирањата на стадионот „Ред Бул Арена“, а Ѕвезда ќе мора да плати и 30.000 евра.

Црвена Ѕвезда во најсилното клупско континентално натпреварување е во Групата Ц со ПСЖ, Ливепрул и Наполи кого до дочекува во првото коло веќе на 18-ти септември.

Сепак, српскиот шампион е среќен бидејќи е избегната можноста да биде суспендиран белградскиот стадион „Рајко Митиќ“, односно популарната „Маракана“.

УЕФА веќе оваа сезна ја намали казната за овој стадион од два на еден натпревар, па Ѕвезда ќе може да игра пред полни трибини со Наполи.