Црвена Ѕвезда пресилна за Карпош Соколи

Актуелниот шампион на регионалната кошаркарска АБА лига, белградска Црвена Ѕвезда сепак во моментов е преголем залак за тимот на Карпош Соколи.

Во воведниот натпревар од 23.коло, црвено-белите попладнево гостуваа во СЦ Борис Трајковски, а натпреварот против Карпош Соколи белградскиот тим го доби убедливо со 98:61 по четвртини 24-23, 13-26, 12-21 и 12-28.

Во воведните пет минути „соколите“ имаа високи 10 поени предност (18-10), за сепак на крајот на првиот период заминаа само со еден поен водство (24-23). Во втората четвртина, гостите од Белград ја презедоа играта во свои раце, па на полувремето заминаа со предност од 12 поени (37-49).Во второто полувреме црвено-белите рутинирано ја одржуваа и зголемуваа предноста, за на крајот таа да изнесува 37 поени разлика (98:61).

Кај победничката екипа најефикасен беше Лука Митровиќ со 15 поени, додека во редовите на Карпош Соколи, воедно и на натпреварот, најефикасен беше Драган Лабовиќ кој постигна 20, а забележителен настап имаше и Бојан Трајковски кој средбата ја заврши со 18 поени и 8 скокови.

За Карпош Соколи ова беше десетти пораз во 23. меч во регионалното натпреварување во кое Црвена Ѕвезда има само еден пораз.