Дел од проопозициските медиуми пренесуваат дека поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски немало да присуствува на промотивната Конвеција на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.
Порталите блиски до СДСМ во обид да ја убедат јавноста дека Пендаровски не е избор на Бранко Црвенковски и не е близок до поранешниот лидер на социјалдемократите, излегоа со манипулативно тврдење дека Црвенковски немало да присуствува на Конвенцијата бидејќи не бил поканет.
Според познавачите, ваквиот обид на СДСМ е само маска јавноста да се убеди дека Пендаровски не е човек близок до Црвенковски, а според нив, поранешниот претседател на партијата нема да присуствува на Конвенцијата на Пендаровски, затоа што тој веќе знае што ќе каже кандидатот за претседател од СДСМ.
Ваквиот низок обид Пендаровски да се дистанцира од Црвенковски според познавачите претставува уште едно потценување и омаловажување на народот од страна на најголемата опзоициска партија, која токму поради ваквите чекори не може да ја добие довербата од граѓаните, а нејзините лидери избегаа од директно соочување со политичките опоненти и народот.
Стево Пендаровски важи за близок соработник и човек од доверба на Бранко Црвенковски. Тој повеќе од една деценија добива високи партиски и државни функции и на тие функции е именуван речиси секогаш од Црвенковски. Пендаровски беше претседател на ДИК кој што го верификуваше сомнителниот избор на Црвенковски за претседател на Македонија.