
Рускиот преставник во Евролигата, ЦСКА Москва на маестрален начин се пласираше на фајнлфор турнирот, откако синоќа славеше на гостувањето кај Панатинаикос со 55:74, со што триумфираше во серијата со 3:1 во победи.
Со ова продолжува редовното учество на ЦСКА на завршните турнири, односно ова ќе биде 12-ти настап во последните 13 години. Според многумина токму рускиот шампион е и главен фаворит за титулата во Евролигата.
Само за потсетување, пред ЦСКА Москва своето учество на Ф4 го обезбеди и Фенербахче. За преостанатите две места ќе се борат Олимпијакос и Барселона (грчкиот тим води со 2:1), односно Анадолу Ефес и Реал Мадрид (“кралевите” имаат водство од 2:1 во победи на претходните три натпревари).