Притисокот врз германската канцеларка Ангела Меркел се зголемува од минута до минута, според германските медиуми.
Сестринската партија на владеачката Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Меркел, Христијанско социјалната унија (ЦСУ) на Баварија, се закани на канцеларката дека ќе ја прекине поддршката ако не ги заостри антимиграциски мерки.
Претседателот на ЦСУ , Хорст Зехофер рече дека е подготвен да настапи сам ако канцеларката не го смени курсот, а со него се согласи и премиерот на Баварија, Маркус Содер (ЦСУ) кој посочи дека нивното барања мигрантите кои веќе се регистрирани во други земји на ЕУ им се одбие престојот во Германија, пишува германски Билд.
Овој потег ќе ја стави германската влада на сериозен тест и ќе ја воведе во нова криза која потенцијално би можела да претставува закана за нејзиното опстојување.
Луѓето го изгубија трпението. ЦСУ стои. Сега треба да докажеме дека стоиме зад нашите ставови- рече Содер.
ЦСУ е поприлично поконзервативна партија од нејзиниот коалициски партнер ЦДУ. Од почеток ја критикуваат миграциската политика на Меркел, а се залагаа за олабавување на санкциите на Русија. Баварија, која е традиционално упориште на ЦСУ, како најбогат германскиот регион е од суштинско значење за функционирањето на германската влада и економијата.
ЦСУ, исто така, поради верскиот состав на населението на Баварија, е многу поблизу до Римокатоличката црква одколку ЦДУ и многу често се смета дека е далеку поконзервативна за многу социјални прашања.
Во последните избори во септември, на која двете партии традиционално настапуваат заедно, ЦДУ и ЦСУ освоија 246 места во Бундестагот, од кои 46 припаѓаат на Христијанско-социјалната унија.