Универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски преку социјалните мрежи се обрати, коментирајќи ги како недемократски повикувањата врз претсдателот да се изврши ком исиско медицинско вештачење со кое би се утврдило одредено мен тално заболување.
Колку што ми е познато политичките противници биле елеминирани/дисквалификувани како ментално заболени и сместувани во соодветни институции за времето на сталинизмот и нацизмот, општествени состојби за кои можеби само наивно се веруваше дека се одамна надминати, пишува тој.