ЦУК: Девет активни пожари, 25 се изгаснати

Активни се девет пожари, од кои два во општина Македонски Брод, кај селото Слатина и кај селата Тажево – Брезница и ЈП „Јасен“, во Демир Хисар, Чашка, Петровец, Студеничани, Кичево, Дебар и Охрид, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се ставени пожарот во гевгелиското село Негорци, каде гореше нискостеблеста шума, прнар и борова шума, во Општина Кичево, кај селата Зајас и Бачишта, каде беше зафатена мешана шума и во Општина Кочани, кај месноста викана Панаѓур, кај одморалиштата на Пониква, каде гореше букова шума.

Под контрола е ставен и пожарот во Општина Македонски Брод, кај село Слатина,  во Општина Пласница, кај село Пласница пожарот е изгаснат, а во село Латово се уште чади. Под контрола е ставен и пожарот во депонијата во Делчево, каде гореше ѓубриште.

ЦУК информира дека изгаснати се четири пожара во Општина Студеничани. Првиот кај месноста викана Дрешница над село Батинци, вториот кај селата Рамни Габер и Вртекица, третиот кај село Вражале и последниот кај село Долно Количани.

Четири пожари се изгаснати и на територија на Општина Гази Баба. Едниот кај ресторанот „Ла Тана“, два на улица „Перо Наков“, од кои едниот во близина на Кванташки пазар и во село Стајковци, кај фарма кон обиколницата, каде гори ниска вегетација.

Изгаснат е пожарот во Општина Илинден, кај село Ајватовци, во Општина Арачиново, кај село Арачиново, во Општина Чучер Сандево, кај селото Горно Блаце.

Изгаснати пожари има и на територија на општините Прилеп, кај село Лениште, во Општина Дојран и Богданци, кај село Фурка кон Богданци, кај село Неготино и кај гробиштата Млаки во Општина Гостивар, во Општина Берово, кај месноста викана Шушлевац, во Општина Брвеница, кај село Милетино.

Во Општина Радовиш изгаснат е пожарот кај селата Подареш и Јаргулица, во Општина Дебар, кај село Бањиште, во  Општина Куманово, кај селата Черкези и Романовце, во Општина Крива Паланка, кај Конопница. Три пожари се изгаснати во Општина Струга, кај селата Калишта, Враништа и Велешта и во Општина Делчево, кај село Полето.