ЦУК потрошил 16.536 евра за мобилна телефонија, променувајќи го Годишниот план

Центарот за управување со кризи на 29 јануари година го донесе Годишниот план за јавни набавки, а на 24 феруари со Одлука го менува за набавка од услуга за мобилна телефонија.

ЦУК, предводен од Стојанче Ангелов, за услуги од телфонија со Одлуката ќе потроши 1.016,949 денари (16.536 евра).

Останува нејасно за колку телефони станува збор или, пак, колку треба да се користат броеви за оваа сума.