ЦУК за мобилни услуги троши над милион денари

Центарот за управување со кризили (ЦУК) со кој директорува лидерот на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, која е дел од владината коалиција со СДСМ, за мобилни услуги во време на пандемија и кога светот се соочува со економска криза троши повеќе од еден милион денари.

Во овој период од една година повеќе од 60 илјади работници остана без работа, кога државата секојдневно се задолжува на сметка на граѓаните, функционерите на власта продолжуваат да се расфрлаат со народните пари, и тоа народни пари на вересија кои што во иднина треба да ги враќаат идните поколенија.

Имено, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на почетокот на оваа година, односно кон средината на месец февруари носи одлука за измена на планот за јавни набавки за 2021 година на Центарот за управување со кризи, при што на документот јасно се гледа дека институцијата со која раководи Ангелов на мобилни услуги ќе потроши, ни помалку ни повеќе туку цели 1.016.949,00 денари народни пари.

Ова не е прв случај кадешто владини функционери се луксузираат и се расфрлаат со народни пари, а додека од труга страна во време на пандемија се губат работни места и обичниот граѓанин едвај крпи крај со крај.