Скопски регион
Спооред информациите пристигнати од Регионалните центри, жители на селата Средно и Горно Коњаре пријавија дека реката Пчиња во околината на тие села кај мостот се излеала во околните ниви. Реката Вардар е излеана кај селата Орешани, Таор и Зелениково.
Битолски регион
Во текот на денешниот ден има благо опаѓање на нивото на река Драгор (околу 20-30 см) и во моментот не постои опасност за излевање на реката на местото каде што беше саниран насипот кај пумпната станица на ЈКП Водовод Битола. Од ЈКП Водовод известуваат дека екипите ќе останат на терен и ќе ја следат состојбата.
Во текот на утрешниот ден ЈП ВОП Битолско поле ќе испрати една градежна машина (багер) за расчистување на коритото на Велушка река која беше излеана и ја имаше зафатено живинарската фарма во с. Породин. Сеуште се работи со трите пумпи од ДЗС Битола на исцрпување на водата од халите на фармата и постапката е при крај.
Нивото на Река „Црна“ и вештачките акумулации е покачено, но нема излевање и поплавување. Снабдувањето со електрична енергија е без прекини, а исто така и водоснабдувањето е нормално, без дефекти и прекини. Заради врнежите од дожд во изминатите денови, дојде до заматување на изворите и се препорачува водата за пиење да се преврива.
Струмички регион
Во ппштина Босилево, екипите од ЈПКД Огражден Босилово на излезот од Босилово, каде водата се враќа накај селото, со 1 багер и 5 лица работат на затварање на тој излез. Критично е помеѓу село Бориево и Босилово.
Во општина Валандово, од врнежите од дожд имаше интервенции на расчистување на наносите од песок (кои не беа пречка за нормално одвивање на сообраќајот) на патните правци Оранжерија– с. Миравци и Валандово– Удово (Калковска река и улиците во с. Пирава).
Во општина Радовиш сите патни правци се проодни, со исклучок на патниот правец с. Подареш– с. Смиланци каде е оштетен преминот (место Река Сирава на влевот на река Плаваја). Патниот правец е прооден само за теренски моторни возила и можни се одрони и свлечишта како последица на влажноста на земјата. Санирањето ќе се врши веднаш по создадените услови односно повлекување на водата. Наносите кои ги имаше на патните правци во општина Радовиш и Конче се отстранети.
Охридски регион
Во општина Македонски Брод има мали излевања на река Треска по водотечението, поплавени се земјоделски површини и ливади.
Во општина Дебар и Центар Жупа, од ЈКП Стандард препорачуваат водата за пиење да се зоврие поради заматеност на изворот во с. Росоки.
Тетовски регион
Во општина Јегуновце нивото на Реката Вардар е намалено за околу 60 тина центиметри. Како последица од вчерашното излевање поплавено е земјоделско земјиште како и две, три куќи на влезот во с. Раотинце. Патиштата се проодни, но на влезот во с. Раотинце патот неколку метри е под вода и го отежнува сообраќајот. Според последните информации водата полека се повлекува од поплавените површини и состојбата се стабилизира.
Од ЈКП Комуналец – Гостивар известуваат дека водата за пиење во општина Гостивар и околните села е загадена и се забранува за пиење.
Штипски регион
Во општина Берово, Ратевска река е излеана на потегот од с. Русиново до с. Владимирово. Поплавени се обработливи земјоделски површини и од двете страни на реката. Брегалница е излеана во атарот на с. Мачево и с. Будинарци, поплавени се земјоделски површини. Екипите на Водостопанство и Локална Самоуправа на Берово се на тереен заради изготвување на проценка на површини и штета.
Кумановски регион
Во Општина Куманово и Старо Нагоричане, поради обилни врнежи од дожд сеуште водотеците се големи на реките и речните корита долж реката Пчиња во општина Старо Нагоричане, како и реката Крива во општина Куманово. Надојдени се водостоите на реките и суводолиците кои се влеваат во Река Пчиња на потегот помеѓу селата Макреш , Војник и Стрезовце (Градшница и Петрошница) а со тоа дополнбително зголемен е проток на вливот во река Пчиња, кое воедно допринесе покрај излевање на реката Петрошниоца помеѓу селата Макреш и Војник, дополнителен водотек на самата река Пчиња низводно кај ресторантот Визијана каде што го урна привремениот потонски мост направен од Ф-1000 цевковни профили кој служеше за поврзување на макадамскиот пат помеѓу селата Шупли камен и Клечовце. Зголемувањето на водотеците од другите соседни општини Ранковце, Кратово и Крива Паланка како и зголемениот прилив на Реката Ветуничка, и Живуша вршат дополнителен притисок на реката Крива во атарот на општина Куманово и истата е широко излеана кај селата Белјаковце, Довезенце, Јачинце и Клечовце. Излеана е и дел од реката Пчиња кај селата Шупли Камен, како и селата Пчиња и Студена Бара. По течението на Река Пчиња поплавено е претежно земјоделски земјишта, викенд куќички како и неколку помошни и придружни објекти. Поплавено има и дел од обработливо земјоделско земјиште во с. Шупли Камен, Јачинце, Довезенце и Клечовцекако и во с. Пчиња и Студена Бара.
Поспецифичен проблем кој битно влијаат на излевањето на реката Крива претставува претходно полупаднатиот мост кој го дели Горно и Долно Довезенце, поради неговата делумна обрушеност како и изкорнатата вегетација и дрвна маса која повремено препречува, запира движења на поголемо количество на вода и воден талог, претставува една од препреките за низводно движење на реката и врши влијание со блокада, заезерување и пробивање на дел од речното корито, како и низводно излевање кон селото Јачинце.
Вчера во попладневните часови поради зголемен протокот на реката Пчиња, во општина Старо Нагоричане претежно поради обилните врнежи и зголемениот водотек во Р. Србија од каде што истата доаѓа, како и низводно поради вливот и зголемениот проток на реките Тополница, Бистрица, Алгушница во делот на Козјачијата, во Река Пчиња и нивното директно влијание на севкупниот водостојот во Река Пчиња, хидраулиќниот пресек на речното корито, а дополнително поради ограничените проточни капацитети на мостовите (над меморијалниот центар АСНОМ, Коинскиот и Драгоманскиот мост), настана пошироко излевање во должина од 7 километри низводно пд М.Ц.АСНОМ па се до Коинскиот мост, Месност на село Челопек и Коинце. Излевањето зафати претежно обработливо земјоделско земјиште како и неколку викенд куки и помошни објекти.
Извршен е увид на мостот на река Пчиња кај село Драгоманце поради можност од нарушување на столбовната стабилност на истиот и евентуално ограничување на движењето низ истиот, доколку се констатираат соодветни опасности.
РЦУК Куманово побара стручни екипи од надлежната институција Македонија пат да излезат на терен и направат увид за стабилноста на мостот и начинот со понатамошно однесување кон истиот. Контактирани и координирани се сите институциии Општините Куманово и Старо Нагоричане, а во моментот се превземаат дејствија на Река Пчиња во селата Бељаковце, Довезенце, Jачинце и Клечовце за отстранување на пречките од вегетацијата и правење насипи заради нормален проток а со тоа и отстранувањето на можности од дополнителни излевање на истата од страна на АД Кумановско Липковско Поле.
Од увидот извршен рано изутрина на сите речни корита констатирано е благо опаѓање на водотеците но сепак нивоата се сеуше критични и недозволуваат во моменто можност за посериозен пристап на дејствување со механизација и други матријално технички ресурси, на одредени позиции кои сеуште се под голем воден притисок.
На подрачјето на општина Ранковце во село Ветуница има изместено 2 пропусти на две места на Ветуничка Река, има однесен мост на регионален пат во село Ветуница кај м.в. Маркова Куќа на Ветуничка Река, има однесен мост (направен од пропусти) на регионален пат во село Ветуница на Крива Река, претставници од Општината и од ЈП Водостопанство Кумановско липковско поле ПЕ Крива Паланка ќе преземат активности за санирање после намалување на нивото на водата.
Во село Гиновце, општина Ранковце, има дотечено суводолица (дол), и водата се има излеано на локален земјен пат и кон неколку ниви во близина, надлежните од ЛС Ранковце во текот наа денот или наредните денови ќе преземат мерки за санирање на состојбата.
Во село Псача, општина Ранковце на м.в. Стара брашнара, водата од Крива Река има прелеано мост (изграден од шасија), мерки ќе се преземат, после намалување на нивото на водостојот.
Во Општина Кратово- Крива Река во с. Трновац каде се влева Кратовска Река во Крива Река има однесено насип и патот е поткопан.
Крива Река во с. Куклица се има излеано и има поплавено дел од патот при што на тој дел се поминува со трактори и теренски возила.
Кратовска Река и другите помали водотеци бележат зголемување на водостојот но не се излејани од своите корита.
Обилните врнежи предизвикаа и заматување на водата во градскиот водовод при што Претпријатието за стопанисување со водоводната мрежа врши хлорирање.