Пожарот кој вчера (25 август) доцна попладне почна на територијата на Општина Чешиново – Облешево, продолжи да гори низ висока сува трева, грмушки и деградирана шума, со зголемен интезитет, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Утрово пожарот се движеше во атарите на селата Врбица, Разчани, Буниш и Турско Рударе, а пред малку се прошири и на територизата на Општина Пробиштип движејќи се во насока на квалитетна шума.
За да се спречи влегување на пожарот во шума, но и загрозуваье на околните села, покрај пожарникарите од ТППЕ Кочани и Пробиштип, еден Ер трактор на ДЗС полета кон пожарот, а два полициски хеликоптери се подготвуваат за полетува2е.