![nov_cveten_paar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/nov_cveten_paar.jpg?resize=640%2C320&ssl=1)
Групата демонстранти, продавачи на цвеќе, кои што пред неколку часа го блокираа булеварот „Крсте Мисирков“, кај пешачкиот мост на Бит Пазар ги повлекоа барикадите и го ослободија булеварот за сообраќај.
Причина за блокадата е револтот на продавачите по одлуката на општина Чаир и Град Скопје за дислокација на нивните тезги од тротоарот и преместување зад поликлиниката Бит Пазар.
Цвеќарите сметаат дека новата локација не е прометно место и оти таму купувачите нема да ги посетуваат.